Членовите на Студентскиот пленум, денеска на својата страница на „Фејсбук“ обвинија дека нелегитимни претставници ќе гласаат за избор на нов ректор на УКИМ.
„Дознаваме дека се именувани 10 нови претставници, без студентите да знаат кои се тие и на кој начин се избрани. Ректорската управа е закажана за 15 јуни додека изборот ќе се спроведе на 27 јуни и планирано е да гласаат новоименуваните претставници. Потсетуваме дека мандатот на претставниците на Студентскиот парламент заврши во 2015 година, а избори сè уште не се одржани“, пишува во соопштението на Студентски пленум.
Тие ги прашуваат студентите, дали ќе дозволат во нивно име да гласаат, како што ги нарекуваат, послушници кои не ги застапуваат ставовите на студентите.
Универзитетските професори Атанас Кочов, Ненад Новковски, Александар Димитров, Никола Јанкуловски, Коле Василевски, Елена Думова Јовановска се кандидатите за изборот на нов Ректор на УКИМ.
Нов ректор законски треба да се избере до 15 јули.
Студентски пленум: Нелегитимните студентски претставници се вечна болка на УКИМ