Судир на полицијата и демонстрантите во Мексико: Загинаа шест, повредени се 108 лица

Сподели

Спорните реформи во образованието во 2013 година ги воведе мексиканскиот претседател Пена Нието, а она што најмногу им смета на наставниците е тоа што секоја година мора да полагаат испити за проверка на знаењето, а во случај трипати да паднат на испит им се заканува крај на академската кариера

thumbs_b_c_b24777715429b5290ab4f89e94e4af1f

ОАКСАКА (АА) – Најмалку шест лица загинаа во текот на судирот помеѓу демонстрантите и полицијата до кој дојде во текот на протестите поради спорните реформи во образованието организиран од синдикатот на наставниците во јужната сојузна мексиканска држава Оаксака, јавува Anadolu Agency (AA).

Мексиканските официјални лица соопштија дека демонстрантите со камења и молотови коктели ги гаѓале припадниците на полицијата и запалиле неколку полициски возила, и дека полицијата возвратила со отворање на оган врз прекршителите.

Гувернерот на државата Оаксака, Габино Куе, и шефот на мексиканската полиција, Енрике Галиндо, на заедничка прес-конференција соопштија дека во протестите загинале шест цивили, а повредени се 108 лица, меѓу кои 53 цивили.

Од полицијата тврдат дека полициајците на должност не носеле огнено оружје, туку дека тоа оружје го употребиле неидентификувани напаѓачи.

Истакнувајќи дека основна задача на полицијата е да ги штити граѓаните и да го чува јавниот ред и мир, во соопштението на полицијата се наведува дека вооружените полициски сили во случајот се вклучени дури откако во судирите веќе било употребено огнено оружје.

Паралелно со тоа, државната нафтена компанија “Pemeх” соопшти дека ќе биде принудена да ја затвори рафинеријата во тој дел од Мексико доколку демонстрациите и блокадите на патиштата кон главниот град продолжат.

Масовните протести ширум Мексико поради незадоволството од реформите во образованието траат веќе со месеци, а се интензивираа откако минатата недела поради обвинението за нелегално присобирање и перење пари се приведени лидерот на Синдикатот на наставниците во Мексико (CNTE), Рубен Нунез и неговиот колега Франциско Вилалобос.

Спорните реформи во образованието во 2013 година ги воведе мексиканскиот претседател Пена Нието, а она што најмногу им смета на наставниците е тоа што секоја година мора да полагаат испити за проверка на знаењето, а во случај трипати да паднат на испит им се заканува крај на академската кариера. Во март годинава над 3.360 наставници одбиле да го полагаат испитот, а министерот за образование, Аурелио Нуно Мајер, најави нивно отпуштање.

AA.COM.TR