Судот одреди 30 дневен притвор за Мијалков за “Трезор”

Сподели

 

Кривичниот суд – Скопје, му одреди 30 дена мерка притвор на Сашо Мијалков, обвинет во случајот “Трезор”.

Оваа одлука следеше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека постои опасност од бегство. 

Застапниците на обвинението за случајот “Трезор”, по објавување на пресудата денеска побараа на обвинетите Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ и да им се изрече мерката притвор до правосилност на пресудата.

– Имајќи ја предвид казната од осум години и дека Сашо Мијалков е исклучителен моќен човек, како и неправосилната пресудата во случајот “Тврдина-Таргет”, предлагаме да се одреди мерката притвор за овој предмет. Причните се дека постои можност за бегство, рече обвинителот Трајче Пеливанов.