„Т’га за југ“ го одбележа навршувањето на 72 години од крајот на Граѓанската војна во Грција

Сподели

 

Со пригоден настан Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“ го одбележа навршувањето на 72 години од крајот на Граѓанската војна 1949-2021 во Грција, како и 36 години од формирањето на ова здружение.

Во име на Владата учесниците на овој настан и членовите на здружението ги поздрави советникот за труд и социјална политика во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Северна Македонија, Милан Живковиќ кој истакна дека определбата на оваа граѓанска организација да го одржува сеќавањето на минатото со стремеж за градење мостови за подобра иднина го потврдува и принципот што го негува актуелната извршна власт за инклузивност и за унапредување на нашиот концепт „Едно општество за сите“.

Во рамките на програмата за одбележување на овие годишнини, денеска во паркот „Жена борец“, пред Споменикот на децата бегалци во Скопје, настапија наградените ученици, добитници на специјалната награда „Ѓорги Доневски“, и беше оддадена благодарност и до градоначалниците на Град Скопје Петре Шилегов и на Општина Центар Саша Богдановиќ за нивната поддршка за активностите на здружението.