Претседателот Стево Пендаровски се обрати на свеченото одбележување на јубилеите „75 години Филолошки факултет“ и „100 години од раѓањето на Блаже Конески“ што се одржа во Македонскиот народен театар во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. На свечениот настан, на претседателот Пендаровски му беше врачена плакета во знак на особена […]
Ознака: Блаже Конески
Герасимовски: Чествувајќи го Конески гo чествуваме македонскиот јазик, македонското писмо и правопис
Општина Центар го одбележува значајниот јубилеј, 100 години од раѓањето на Блаже Конески. По овој повод, денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на манифестацијата на која се чествуваше значењето и трајната вредност на поетското дело на Блаже Конески и улогата на поезијата на Конески во континуитетот на македонската поетска традиција, која претставува […]
Музеј на РСМ: Ја чествуваме 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески
“Везилке кажи како да се роди проста и строга македонска песна… Два конца парај од срцето, драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави таги, другиот копнеж и светол и стрвен. …Судбинско нешто се плело за века, од двете нишки, два созвучни збора, едната буди темница што штрека, другата буди вкрвавена зора…” […]
Манифестација во чест на Блаже Конески во НУБ „Св. Климент Охридски“
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија и Фондацијата „Небрегово“, денеска организира манифестација во чест на Блаже Конески. Поздравно обраќање ќе има на в.д. директорката Јелисавета Костадинова, по што д-р Марина Мијаковска, виш библиотекар ќе даде осврт за изложбата „Фондот на НУБ […]
Заев: Нека му е вечна слава на Конески, ќе го чуваме и негуваме споменот на него и неговото дело
На денешен ден, 7 декември, во 1993 година, почина академик Блаже Конески. Животот и делото на Конески се судбински врзани и со раѓањето на македонска државност, напиша премиерот Заев на својот фб профил. “Со неговата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, заедно со останатите македонски лингвисти, учествуваше во кодификацијата на македонскиот јазик донесена во […]
МАНУ: Нова веб страница со дигитализирани изданија од Блаже Конески
По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ активно се вклучи во одбележувањето на годишнината на првиот претседател и изработи веб-страница со дигитални изданија на делата на Блаже Конески. Првите шест тома од целокупните дела на Блаже Конески го опфаќаат неговото книжевно-уметничко и книжевно-научно творештво, односно Поезија 1, […]
Илинденски мелодии – Блаже Конески
Илинденски мелодии 1. Бел трендафил — ти за мене цутиш, и ти, моме, мое ќe ми бидиш! Ти си, младост, за да се радувам, малој моме за да те милувам! 2. Молчи, молчи, кутро срце! Дури среќно да ми бидиш, по апцани, по зандани многу маки ти ќe видиш. 3. Сношти жално низ темнина […]
НУБ: Дигитална изложба по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во рамки на Националната програма за одбележување на 2021 година – Година во чест на Блаже Конески, со неколку комплементарни активности ја одбележува 100-годишнината од раѓањето на Конески, исклучително значајна личност во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, еминентен лингвист, реномиран славист, втемелувач на македонистиката […]
Шилегов: Конески е национален симбол на поновата историја
По повод 100 годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески, Градот Скопје е во постапка за подигнување спомен-обележје пред куќата на Конески на Водно, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов на тркалезната маса „Разговори со Конески“ која се одржа во дворот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. – Како […]
Чествување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески во Париз
Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, денес (22 март) во 16 часот ќе се одржи настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески, кој е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО. Во рамките на настанот, со кој се прославува и Светскиот […]