Државната изборна комисија вчеравечер ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Конечните резултати, како што најави претседателот на ДИК Александар Даштески, ќе бидат објавени денеска. Согласно објавените првични податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните […]
Ознака: Локални избори 2021
Илиевски: Благодарност до сите кои водеа позитивна кампања, освен градоночалникот во заминување кој правеше театри
Вечерва, на ТВ дебатата на Алсат М, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски истакна „Водевме позитивна кампања за да ја презентираме најдобрата и најбогатата програма. Благодарност до сите кои водеа позитивна кампања, освен градоначалникот во заминување кој правеше театари, манипулации, во недостаток на аргументи за фијаското од 4 годишниот […]
Заев: Важно е секое маало, секоја педа од Скопје да се развива модернистички а не со барок
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес одржа серија на маалски средби со граѓаните на општина Центар. На повеќе локации Заев ја испрати истата порака за обединување за бројот 12 за Петре Шилегов и за Горан Герасимовски. „Важно е секое маало, важна е секоја педа од Скопје да продолжи да се развива модернистички а […]
Мицкоски: Очекувам огромното мнозинство да гласа против власта и да биде казнета
Очекувам огромното мнозинство протестни гласови да излезе и масовно да гласа против власта и да биде казнета, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за вестите на Канал 5 телевизија, потенцирајќи дека победата во недела ќе биде огромна и покрај сите закани и притисоци на власта. Мицкоски истакна дека тие протестни гласови се […]
Шилегов: Девет години Дрисла беше криминализирана, а ние ја вративме на граѓаните
„Девет години се боревме за Дрисла. Девет години Дрисла беше криминализирана, а ние ја вративме Дрисла во Град Скопје, ја вративме на граѓаните. Да ве потсетам само, порано не се знаеше што се депонира, кој депонира, дали има опасен отпад, што се гори, сето тоа беше контроверзно што важеа во јавноста до пред две години. Кога Градот ја стави својата рака, односно […]
Заев: Во недела масовно да излеземе да ја потврдиме правилната насока на општините и државата
Во недела сме исправени пред изборот дали да продолжи напредокот и развојот на општините или ќе се враќаме назад во темното минато, порача претседателот Зоран Заев во Чучер Сандево. „Знам дека граѓаните на Чучер Сандево се мудри и знаат да препознаат кој се грижи за општините и државата, кој обезбедува повисоки плати и пензии, […]
СДСМ Куманово: Димитриевски да одговори која е целта на лажните профили со имиња на наши членови?
Театарот не престанува! Секојдневно сме сведоци на лаги и манипулации од страна на противникот Димитриевски и неговата штабска структура. Секојдневно презентираат сликички со најразлични содржини, самите прават лажни профили со лажни имиња и во лажни групи си пишуваат меѓусебе, се служат со секакви средства само да се додржи градоначалничката фотелја. „За Наше Куманово“ веќе […]
Шилегов: Реконструирани сите 23 средни училишта со пари од СКОПЈЕ 2014
– Денес сакам да потсетам на уште една клучна разлика меѓу движењето напред кон прогресот и развојот на Скопје и влечењето назад заради нечии криминални интереси. Оваа година ја започнавме реконструкцијата на објектот на средното училиште Кочо Рацин во скопската општина Ѓорче Петров. За оваа реконструкција инвестиравме 52 милиони денари од Буџетот на Град […]
Шилегов: Децата не ни се тепаат, ги вративме мирот и стабилноста во Скопје
Во емисијата „Патот кон“, актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов, ја искоментира и подобрената безбедносна состојба генерално, во целиот град. Според Шилегов, токму инвестирањето во деловите каде што претежно живее етнички албанското население, помогна во зголемувањето на безбедноста. „Македонци или Албанци или Срби или Роми имате насекаде низ нашиот […]
Ахмети од Тетово: Завршуваме една европска кампања, во недела ја славиме победата
Демократската Унија за Интеграција вечерва одржа изборен собир за вториот круг од локалните избори во градот Тетово. Пред присутните се обратија претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, кандидатката за градоначалник на општина Тетово г-ѓа Теута Арифи и шефот на општинскиот штаб г. Фатон Ахмети. Давајќи поддршка за Теута Арифи, […]