Вчера, 22 мај 2023 година, во просториите на издавачката куќа „Зулма“ од Париз, беше промовиран осмиот број на годишното списание за литература „Апулеј“ во кое еден блок му е посветен на Ацо Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање. Под наслов „Ацо Шопов: Поет низ кој дише светот“, блокот содржи опширен портрет на македонскиот поет (од Јасмина Шопова) […]
Ознака: Ацо Шопов
Герасимовски: Нов концепт и локација на читалната “Ацо Шопов”
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја отвори читалната што го носи името на доајенот на македонскиот книжевен збор Ацо Шопов. Во чест на 100-годишнината од неговото раѓање, ученици од општинските основни училишта „Ј.Х.Песталоци“ и „Киро Глигоров“ ги потсетија присутните гости на делови од творештвото на Ацо Шопов, со кое во текот на образовниот […]
Поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата
НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН-центар, Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска во просториите на Универзитетската библиотека заеднички ќе ја одбележат 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, како и Светскиот ден на поезијата – 21 Март. Во рамките на програмата ќе бидат […]
Пендаровски во Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов
Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов. Претседателот Пендаровски утре – 21 март 2023 година, вторник, во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, настан во […]
Герасимовски: Ацо Шопов ги прошири границите на македонската литература
Општина Центар заедно со Францускиот институт во Скопје организираа омаж во чест на 100 годишнината од раѓањето на литературниот великан Ацо Шопов. На свеченоста која се одржа во Музејот на македонската борба за независност присуствуваа бројни гости меѓу кои Амбасадорот на Република Франција г-дин Сирил Бомгартнер, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, г-дин Филип […]
Македонските поети поместуваат граници – Ацо Шопов во “Нуови аргоменти”
По повод 98-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, еден од основоположниците на македонската современа поезија, престижното италијанско списание за литература Нуови аргоменти (Nuovi argomenti) објави избор од девет песни од Шопов, во рубриката „Поетска работилница” (http://www.nuoviargomenti.net/poesie/sangue-abissale). Изборот, во препев на италијанската поетеса, Миа Леконт и македонската италијанистка, Анастасија Ѓурчинова, ги содржи следниве песни: „Грозомор”, […]