Во текот на изминатата недела, со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 145 возила од јавните површини. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. […]