Заменик членот на Одоборот за надворешни работи на Европскиот парламент Тања Фајон, во разговор за Anadolu Agency (АА) истакна дека очекува Македонија наскоро да стане членка на НАТО.
„Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО. Мислам дека сега има позитивна атмосфера во државата. Се надевам дека тоа и политичарите ќе го искористат заедно со општеството”, вели Фајон.
Во разговорот, таа зборуваше и за Македонија, осврнувајќи се на евроатланските перспективи и процеси на оваа држава.
„Како некој којшто верува во социјална, отворена, напредна држава, јас гледам позитивни чекори во Македонија. Со новата Влада која ветува сега има многу промени и во борбата против криминалот, корупцијата, се работи на јакнење на обвинителството, судството и владеење на правото. Очекувам дека ќе имаме позитивни резултати. Исто така и кога е во прашање спорот со Грција околу прашањето со името. Секако дека луѓето во Македонија очекуваат промени кон подобро. Всушност, во тој случај гледам позитивни промени во Македонија”, наведува Фајон.
Таа истакнува дека тие промени ги поддржаа луѓе кои покажаа дека се проевропски и дека сакаат европски пат на Македонија.
„Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО. Мислам дека сега има позитивна атмосфера во државата. Се надевам дека тоа и политичарите ќе го искористат заедно со општеството”, вели Фајон.
Текстот во целост прочитајте го тука