Танц перформанс на Франтикс денс компани од Берлин

Сподели

mdFRABTIKSDANCEKOMPANIPERFORMANS

Кино Фросина,10 јуни

 Франтикс денс компани ќе го отвори третото издание на саемот за современа уметност „Паратисима Скопје“ каде што ќе се претстават пред публиката со спектакуларното, експериментално танцувачко дело „Senz“. Франтикс се состои од пет танчери: Ева Георгицопулу (Грција), Диего Де Ла Роса (Шпанија), Марко Ди Нардо (Италија), Хуан Тирадо (Шпанија) и Карлос Алер (Шпанија). Името Франтикс доаѓа од шпанскиот збор „Frenesí“ што означува жестока возбуда од страст или чувства. Членовите го избираат токму ова име бидејќи ја опишува состојбата во којашто се наоѓаат додека танцуваат, кога нивните дневни обврски се претвораат во чиста енергија и експресија. „Франтикс денс компани“ е основана на крајот на 2013 година во Берлин. За време на сезоната 2014/15 тие соработуваат со Johannes Wieland Company (Германија), Sita Ostheimer од Hofesh Schechter (Германија), Lorca Renoux (Франција), De Dansers (Холандија), Theater Strahl (Германија) и Kibbutz dance company (Израел).