Ниту електронска картичка ниту сини картони, туку само лична карта или пасош за да ги добиете сите здравствени услуги. Ова е одлуката на министерот за здравство кој појасни вака ќе биде се додека не се најде трајно решение за проблемот со електронските картички.
Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека воопшто нема да има сини картони, и додаде дека размислуваат за многу подобро идејно решение. Веќе идната недела, потенцира, ќе имаат средба со министрите за внатрешни работи и за информатичко општество и администрација заедно со директорите на ФЗОМ за да се најде најдоброто и најрационалното решение за сите граѓани.
-“Со старата книшка, со старата картичка, со лична карта може да се провери дали осигуреникот е осигуран. Ако е осигуран, се може да земе. Секаква здравствена услуга може да добие. Ако сте осигурани, само со вашите лични карти, или само со пасош, одете каде што се даваат здравствени услуги и ќе ги добиете“, истакна Таравари.