ТЕЛМА: Шврговски ќе го брани Мијалков

Сподели

Поранешниот државен обивнител Љупчо Шврговски влегува како бранител во неколку предмети на СЈО – „Таргет“, „Тврдина“, „Трезор“ и „Тортура“, како адвокат на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, потврди Шврговски за Телма.
Според информации на Телма одбраната на обвинетите од СЈО ќе се збогатува и со други познати адвокатски имиња но, за сега никој официјално не ги потврдува информациите дали Никола Додевски кој досега ги застапуваше речиси сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да биде нивен бранител во предметите на СЈО.
Додевски денеска остана недостапен за коментар, па не се знае ниту зошто повеќе нема да биде бранител ниту пак чија одлука е тоа. Од специјалното обивнителство не коментираат. Шврговски пак вели дека во конкретните предмети влегува на местот на Додевски, но нема информација дали неговиот колега нема да ги брани и другите функционери на ВМРО – ДПМНЕ. И другите адвокати од тимот на Додевски денеска велат дека немаат информации и не сакаа да коментираат. Додевски претходно беше повикан за сведок во случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО – ДПМНЕ.
„Талир“ и „Таргет“ се дел од истрагите кои деновиве ги привршува СЈО и се повикуваат сведоци и осомничени. Екс генералниот секретер на ВМРО – ДПМНЕ, Кирил Божиновски денеска по втор пат ги извиси обвинителите на СЈО и не дојде на распит за овој предмет поврзан со незаконско финансирање на партијата.
Од 14-мина осомничени партиски фукционери до сега повеќе од половина дојдоа во СЈО и побараа увид во доказите, меѓу нив и Димитриев, Рангелова, Јанакиевски, Димовски, Котевски. Лидерот на партијата Груевски кој е првоосомничен во понеделникот не се појави во СЈО да даде исказ, а некои медиуми објавија дека е на одмор со семејството надвор од државата.
Извор: Телма