Според сегашните информации, помеѓу три и пет луѓе го загубиле животот во тешката железничка несреќа што се случила утрово кога воз излетал од шините близу италијанскиот град Милано. Десет луѓе се во критична состојба во болница а стотина други се повредени, јавуваат италијанските медиуми.
Државната железница „Феровие дело Стато“ соопшти дека регионален воз излетал од шините на околу 40 километри од Милано, кај станицата Пиолтело Лимито.