Тошковски: Владата ми ги поништува одлуките

Сподели

 

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на социјалните мрежи објави дека владата му поништила пет одлуки кои се спротивни на законите. 

“Вчерашната одлука на Владата со која беа поништени пет наредби донесени од моја страна е скандалозна и спротивна на законите.
 
Имено, една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село каде се соочуваме со кадровски дефицит во делот на издавањето на лични документи, а со ваквата одлука на Владата практично се доведува во прашање функционирањето на оваа организациска единица, односно издавањето на лични документи на граѓаните на оваа Општина.
 
Останатите четири наредби се однесуваат на советници од мојот кабинет со кои им се даваат конкретни насоки за постапување, а со нивното поништување исто така се влијае на работата на Министерството на највисоко ниво кое во претстојниот период треба да биде гарант за спроведување на мирен и демократски изборен процес, напиша министерот за внатрешни работи”, Панче Тошковски на неговиот ФБ профил.