Трамп: Само Господ го спречи незамисливото

Сподели

Доналд Трамп преживеа обид за атентат. 20 годишен снајперист Томас Метју Крукс го рани кандидатот за претседател на САД, откако завчера пукаше во него за време на предизборен митинг во Бател – Пелсинванија.

Доналд Трамп беше погоден на десната страна на увото, а напаѓачот и еден од посетителите на толпата се убиени. Покрај двајцата загинати, едно лице е во критична состојба.

Атетнаторот пред да пука кон Трамп бил качен на кров од зграда со снајпер и бил оддалечен на помалку од 200 метри од подиумот. ФБИ потрврди дека лицето кое пукало е 20-годишниот томас метју крукс. Кој пред да го изврши атентатот објавил видео дека го мрази Доналд Трамп.

Ова е трет обид за атентат врз претседател или претседателски кандидат во поновата историја на САД.

„Ви благодариме на сите за вашите мисли и молитви вчера, бидејќи само Бог спречи да се случи незамисливото. Нема да се плашиме, туку наместо тоа, ќе останеме издржливи во нашата вера и пркосни пред злото. Нашата љубов е кон другите жртви и нивните семејствата, се молиме за оздравување на повредените, а во срцето го чуваме споменот на еден граѓанин кој толку страшно настрада“, изјави Доналд Трамп по атентатот.

Актуелниот американски претседател Џо Бајден во обраќање до нацијата побара умереност во изборната кампања во САД и го осуди овој чин.

– “Нема место за ваков вид насилство во Америка, без исклучок. Ние не сме непријатели”, – изјави претседателот Бајден.

Светските лидери го осудија овој чин, а претседателката Гордана Силјановска Давкова изјави

“Најостро го осудувам инцидентот во кој беше пукано врз господинот Трамп. За политичкото насилство нема место во демократските држави. На господинот Трамп му посакувам брзо закрепнување”.

И премиерот Христијан Мицкоски го нарече кукавички обид за атентат и го осуди нападот врз Трамп.

“Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп.

Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување.

Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ”, – изјави премиерот Мицкоски.