Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги предупреди властите на Северна Кореја да престанат да им се закануваат на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
„За Северна Кореја би било најдобро повеќе да не им се заканува на САД. Ќе се соочи со оган и бес каков што светот никогаш не видел“, порача Трамп од својот голф терен во Њу Џерси.
Пораката на Трамп следуваше откако американските медиуми ги пренесоа наводните разузнавачки извештаи во кои се наведува дека Северна Кореја е способна да произведе помали нуклеарни глави коишто со балистичките проектили би можеле да ги загрозат САД.
Заканата што Трамп денес ја упати кон Пјонгјанг е своевиден одговор и на сѐ почестите закани на властите на Северна Кореја, кои вчера порачаа дека со нуклеарен напад ќе им одржаат тешка лекција на САД.