Тргнува карванот за антиковид-вакцинација низ државата

Сподели
 
 
Од денеска почнува карванот за антиковид-вакцинација кој ќе помине во 14 општини и населени места: Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга. Карванот го организира Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.
 
Четири часа во денот (од 11 до 15 часот или од 12 до 16 часот) на плоштади, пазари, домови на културата во овие локални заедници граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат.
 
Покрај карванот за вакцинација, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат во здравствените домови низ државава.