Три државни компании должат над 10 милиони евра за неплатени даноци

Сподели

UJP-860x680

Најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи покажува дека три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци.

Македонската радио телевизија должи околу 73 милиони денари или 1,1 милион евра, Македонија пат должи 433 милиони денари или околу 7 милиони евра, а Македонски шуми должи околу 253 милиони денари или околу 4,1 милиони евра.

Три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци