ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи мултимедијален настан „За слобода на изразувањето“ во среда, 1 јуни, со почеток во 20 часот, на улица Македонија, кај споменикот на Мајка Тереза.
Овој настан на ЦИВИЛ е посветен на слободата на изразувањето, граѓанското новинарство и активизмот. На програмата е концерт на Амон Мра Бенд, диџејски сет на колективот на ЦИВИЛ (CIVIL Noise Selector), стихови на слободата (поетски перформанс) и видео проекции од прилози на граѓанските новинарки и новинари, објавени во рамките на проектот „Граѓански објектив“.
Со свои пораки за слобода на изразувањето ќе се обратат неколку претставници на ЦИВИЛ и гости на програмата.
„Се кине каде што е најтенко“, „Оти нема ЦИВИЛ во Америка“, „Шарена револуција“ се само дел од насловите на кратките видео прилози кои ги подготвија граѓанските новинарки и новинари кои известуваат за Шарената револуција, кршењето на човековите права, манипулациите со гласачкото право и социјалните неправди.
http://civil.org.mk/2016/05/30/zivil-za-sloboda-na-izrazuvato/?lang=mk