Проблемот е што речиси сите бели деца на плакатот се однесуваат во склад со безбедосните правила, додека речиси сите црни деца се однесуваат спротивно на правилата
ЊУЈОРК (АА) – Црвениот крст на САД во понеделникот јавно се извини поради плакатот кој го објави во врска со сигурноста на базените, кои многумина го доживеаа како расистички, пренесуваAnadolu Agency
„Американскиот црвен Крст ја дели загриженоста во врска со еден од плакатите кои ги изработивме поврзани со безбедноста на базените. Длабоко се извинуваме доколку предизвикавме било какво недоразбирање бидејќи немавме намера било кого да навредиме“, се вели во соопштението на Црвениот крст, објавено на нивната интернет страница.
На спорниот плакат исцртана е карикатура која прикажува базен опкружен со деца и опишува добро и лошо однесување.
Проблемот е во тоа што речиси сите бели деца на плакатот се однесуваат во склад со безбедосните правила, додека речиси сите црни деца се однесуваат спротивно на правилата.
Објавувањето на плакатот предизвика бран на реакции на социјалните мрежи, каде што е означен како „расистички“.