Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, изјави дека Турција има за цел да има своја вакцина до крајот на 2021 година, јавува АА.
Говорејќи на Програмата за конкурентни сектори, организирана од Турција и ЕУ, Варанк изјави дека Турција започнала со испитувањата на домашни вакцини врз луѓе, по овластувањето добиено од турската Агенција за лекови и медицински помагала (TITCK).
„Агенцијата за лекови и медицински помагала ги прими апликациите за трите вакцини-кандидати – неактивна, ВЛП и вакцина базирана на аденовирус“, нагласи Варанк.
Тој истакна дека за процесот ќе биде потребно подолго време, додавајќи дека во светот постои „војна за вакцини“ и дека сиромашните земји не добиваат вакцини.
„Затоа, знаеме дека вакцината што ќе ја развиеме ќе биде важен успех во борбата против пандемијата што ќе продолжи со години и ние правиме подготовки ова да го споделиме со другите земји“, изјави Варанк.
Тој рече дека во тек се неколку проекти на турските универзитети, додавајќи: „На пример, еден од професорите во Кајсери во моментов го спроведува испитувањето на кандидат вакцината во Фаза 2 и е блиску до испитувањето во Фаза 3“.