Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, утре вечер во 20. часот, на Македонската телевизија ќе излезат на дуел, прв меѓу лидерите на власта и опозицијата во Македонија по повеќе од две децении.
ТВ дуелот во минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, Заев прифати, а за организатор беа пријавени три телевизии.
Во времето на 11 годишното владеењето на Груевски, немаше ниту еден дуел со лидер на опозцијата. На сите повици од тогашната опозиција за јавно соочување, од ВМРО ДПМНЕ одговараа дека „партиите се соочуваат на избори“, со што избегнуваа ТВ дуели.
Последното ТВ соочување на премиер и лидер на опозицијата беше во 2012 меѓу Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.