Здруженијата “Tврдокорни” и ,,Македонија блокира“ најавија дека напладне ќе одржат сенароден протест пред законодавниот дом паралелно со почетокот на пленарната седница за уставните измени.
Овие здруженија ги повикуваат сите Македонци масовно да излезат на протестот, бидејќи како што тие велат, “во овие навидум обични денови се одигруваат настани што ќе одекнат не само нанапред во иднината туку и наназад во вековите од македонското минато. Ова се моменти на национално предавство.” – се вели во соопштението.