Украина отфрла поврзаност со убиството на Дарја Дугина

Сподели

 

Украина нема никаква поврзност со експлозијата на автомобилот во којашто загина Дарја Дугина, ќерка на идеологот на „Рускиот свет“, Александар Дугин, порача денеска Михаило Подољак, советникот на Шефот на кабинет на претседателот на Украина, во телевизиско обраќање, пренесува украинската новинска агенција „Укринформ“.

„Украина дефинитивно нема поврзаност со ова, бидејќи ние не сме криминална држава, каква што е Руската федерација, и, згора на тоа, не сме терористичка држава“, порача Подољак.

Дарја Дугина, исто како и нејзиниот татко, беше руски ултранационалист. Таа загина во експлозија на автомобил крај Москва, а според Подољак постои можност да станува збор за внатрешна пресметка на различните политички групи што сакаат да „го поделат внатрешниот идеолошки простор во земјата“./Мета.мк