Украинскиот министер Кулеба нема да учествува на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Сподели

 

Шефот на украинската дипломатија Дмитри Кулеба не доаѓа на министерскиот состанок во Скопје. Портпаролот на министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко ја објави одлуката на официјалната страна на украинското МНР. 

Официјален Киев се заблагодари на напорите на Македонија и на министерот Османи, но Украина нема да учествува на состанокот на ниво на министер. 

“Русија создаде егзистенцијална криза во ОБСЕ и ја претвори организацијата во заложништво на нејзините каприци и агресија. Во такви услови, присуството на руската делегација на министерскиот состанок на министерско ниво за првпат од почетокот на целосната инвазија на Русија во Украина само ќе ја влоши кризата во која Русија ја воведе ОБСЕ. Заедно мораме да работиме на спасување на ОБСЕ од Русија, а не со испраќање сигнали за можноста за враќање на формите на соработка кои постоеја до февруари 2022 година, на државата која ја спроведе најголемата вооружена агресија во Европа од крајот на Втората светска војна и грубо ги прекрши сите принципи на завршниот акт на Хелсинки” – се наведува во соопштението на украинското МНР.