УСАИД со дополнителни 330.000 долари за справување со коронавирусот

Сподели

 

Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД, додели дополнителни 330.000  долари за справување со Ковид-19 во земјава, преку грант за Црвениот крст на Македонија. Грантот е дополнување на помошта од 1,1 милион долари од владата на САД, веќе доделени на нашата држава, за намалување на ширењето на корона вирусот.

„Со овој грант ќе им се помогне на најранливите заедници во општеството чиј секојдневен живот е крајно загрозен од вирусот, вклучувајќи ги старите лица, лицата со попреченост, самохраните родители и семејствата со ниски приходи, како и оние кои живеат во затворени заедници. Во наредните три месеци, Црвениот крст ќе дистрибуира 4.200 пакети со храна, 4.200 пакети со средства за хигиена, 3.000 пакети со средства за дезинфекција и 1.000 пакети за бебиња“, се вели во соопштението на УСАИД.

УСАИД ќе му помогне на Црвениот крст и за зголемување на опсегот на своите услуги за социјално и ментално здравје, како и дека Црвениот крст ќе обучува волонтери во своите 33 локални центри за да им помогне на сите оние кои се соочуваат со стрес или со други социјални предизвици.

„Почестена сум бидејќи САД можат да бидат дел од солидарноста заедно со Црвениот крст и сите останати кои колективно се справуваат со Ковид-19“, рече амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Според генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити со помош на УСАИД ќе се зајакне поддршката за волонтерите и ќе се обезбедат дополнителни психолошко-социјални услуги и засилена заштита од изложеност на вирусот.

„Подеднакво важно е проширувањето на психосоцијалните програми за граѓаните и помош со храна и средства за хигиена на лицата кои ги загубија своите работни места како резултат на економската криза, како и на корисниците на социјална помош, лицата со попреченост, самохранитеродители, постари и изнемоштени лица и бездомници,“ изјави Саити.

Со овој грант ќе им се помогне на најранливите заедници во општеството чијшто секојдневен живот е крајно загрозен од вирусот, вклучувајќи ги старите лица, лицата со попреченост, самохраните родители и семејствата со ниски приходи како и оние кои живеат во затворени заедници.

Во следните три месеци, Црвениот крст на Северна Македонија ќе дистрибуира 4.200 пакети со храна, 4.200 пакети со средства за хигиена, 3.000 пакети со средства за дезинфекција и 1.000 пакети за бебиња.

УСАИД исто така ќе му помогне на Црвениот крст да го зголеми опсегот на своите услуги за социјално и ментално здравје, кои се достапни на целата јавност. Црвениот крст ќе обучува волонтери во своите 33 локални центри за да им помогне на сите што се соочуваат со стрес или други социјални предизвици за време на кризата.

Во изминатите 20 години, САД имаат инвестирано над 11,5 милиони американски долари само за здравството и повеќе од 738 милиони американски долари вкупна помош за Северна Македонија. Со децении, САД обезбедуваат најголема билатерална помош во јавното здравство во светот. Од 2009 година, од парите на американските даночни обврзници одвоени се повеќе од 100 милијарди долари здравствена помош и скоро 70 милиони американски долари хуманитарна помош. Бидејќи заканата од заразни заболувања е закана за сите, САД ги повикуваат другите донатори да придонесат во глобалните напори за борба против Ковид-19, стои во соопштението на УСАИД.