Кога е човечки живот во прашање не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден.
Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6:30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор. Во просториите на државната кардиохирургија Академик д-р Zan Mitrev заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа со што и официјално успешно беше извршена третата трансплантација направена во нашата земја.
Станува збор за 40 годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32 годишна жена.
Исто така се очекуваат уште две бурежни транспланатации во текот на денешниот ден.
Голема благодарност и на сите останати доктори од кардиохирургија кои зедоа учество, како и другите членови на тимот од Клиничката болница Жан Митрев: д-р Тања Анѓушева, Александра Темелковска и Катерина Ристовска-Јанев. Секако голема благодарност на доц. д-р Маја Мојсова Мијовска – националната координаторка за трансплантација, Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Венко Филипче.
Веста дека операцијата е завршена прв ја објави д-р Митрев.