Утре вонредна резолуција на Европскиот Парламент

Сподели

 

Најавата за вонредна резолуција на Европскиот парламент со која повторно ќе се побара отворање на пристапните преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ ќе биде од помош и ја врати мотивацијата кај нашиот народ да продолжи по европскиот пат. Денеска ќе се дискутира, а утре ќе се гласа за документ со девет точки во кои се изразува разочарување за недонесената одлука, која оди на штета на кредибилитетот на Европската Унија – изјави денеска премиерот Заев.

– Намерата на ЕП е од помош, нешто што е мал лек за горчината во нашите души која не затекна со оваа нефер историска грешка што ја направи Европската Унија кон Република Северна Македонија. Верувам дека ваквите постапки уште еднаш ќе ја вратат мотивацијата на нашиот народ да продолжи по патот на евроатланските интеграции бидејќи оваа наша определба е со причина – тоа носи инвестиции, раст и развој, повисок стандард и доволна мотивација младите да останат тука и да работат, изјави Заев.

ЕУ парламентот нагласува дека неуспехот на Унијата да отвори преговори резултираше со предвремени избори и создава можност за други влијанија кај земјите-кандидатки.