Примопредавањето на кабинетот на претседателот на Собранието не е поврзано со некакво предавање на печати, од проста причина што ниту еден претседател на Собранието немал печати, туку само факсимили, велат за „Мета“ од собраниските служби.
– Претседателот не е архивар, па да има печат – изјавија кратко од службите.
Печатите, инаку, се потребни за да може претседателот на Собранието, Талат Џафери, да испрати официјално писмо до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, дека е формирано парламентарно мнозинство за формирање влада, но и за сета друга службена комуникација.
Примопредавањето на кабинетот на претседателот на македонското Собрание се случи вчера, а како што изјави Џафери, тоа се одвивало „нормално“.