Дебитатнот на Европскиот првенства репрезентацијата на Велс ја победи Словачка со 2-1, во пресметката на дебитантите на европските првенства во рамките на 1.коло во групата Б.
На стадионот во Бордо имињата на Бејл и Робсон-Кану влегоа во историјата на велшкиот фудбал.
Гетет Бејл го отвори резултатот по десет минути игра, играчот на Реал Мадрид изведе слободен удар од 27 метри, топката имаше чудно движење и иако одеше по срединат од голот успеа да го измами Козачик за 1-0 и голема радост на трибините каде се наоѓаа навивачите на Велс.
Со овој резултат заврши првото полувреме.
Во второто полувреме во 60 минута Словаците израмнија преку Дуда на 1-1, кој нецела минута претходно влезе во игра и одлично ја испрати акцијата на Мак и од 12 метри го совлада Вард.
До крајот на мечот мрежата на Словачка се затресе уште еднаш и тоа во 81 минута кога уште еден играч од клупата го постигна водечкиот и конечниот резултат на овој натпревар.
Велшанецот Робсон-Кану погоди по акцијата на Рамзи за конечни 2-1 за Велс и прва победа во деби настапот на евро шампионатите и историски први три бода на табелата.
The post Велс ја победи Словачка со 2-1 за историско деби на евро шампионатите! appeared first on Спорти.
Source: Sporty