Поставени првите повратни вендинг машини за амбалажен отпад на „Пакомак“ во Скопје

Сподели

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини,  денеска заедно со ПАКОМАК, амбасадорката на Швајцарија и директорот на ВЕРО маркетите ја промовираше  долго очекуваната вендинг машини, која веќе од денеска граѓаните на Скопје можат да ја користат и да го одложуваат амбалажниот отпад, а за возврат да добиваат „зелени поени“ кои можат да ги искористат за купување производи од Веро, како и за плаќање на општински и јавни услуги.

 

 

„Вендинг машините се лесен начин на кој граѓаните можат да го селектираат отпадот и да го одлагаат на соодветно место од каде што ќе биде рециклиран, со што воедно и ќе се намали отпадот што завршува на депонија“, изјави министерот Нуредини.

Ваквите машини кои се тренд во светот стануваат дел и од нашето секојдневие. Тие се лесен начина на кој секој граѓанин има пристап за одложување на отпадот и додека пазарува, лесно се применува системот на кауција со што се стимулира поеколошко пакување и задолжителен поврат на амбалажата, а граѓаните добиваат финансиски поттик за одговорното однесување. И најпосле се намалува количината на отпад што завршува на депониите.

 

 

Поставената вендинг машина е македонски производ направен од страна на Факултетот за електротехника и информациски технологии и на Фондот за иновации, а според потребите на нашето локално население. Со нејзино поставување ПАКОМАК И ВЕРО прават исчекор пред новите посилни обврски предвидени во новото законодавство за отпад што го изработи МЖСПП.