Вежби со растегливи траки за рамења какви што отсекогаш сте посакувале (видео+фото)

Сподели

Со помош на само една вежба и еден реквизит може да го зајакнете рамото и мускулите на јадрото.

Вежбата во стоечка положба со растегливи траки е еластична вежба со низок интензитет, со што ефективно ги активирате мускулите на средниот дел на телото и рамениот појас.

Оваа вежба ја подобрува брзината и стабилноста.

За стабилност се вежба со контролирана експлозивност, ставајќи акцент на мускулите на јадрото, така што лопатките ќе ги задржите во пониска положба.

Добра работа кај овие растегливи траки е што секогаш може да ги прилагодите со колку енергија ќе ги повлекувате истите.

Се препорачува вежбата да ја започнете со загревање од 10 секунди, а потоа по едноминутно вежбање од 3 серии со едната рака направете пауза од 10 секунди.

Потоа истата вежба ја повторувате и со другата рака. Тоа ќе биде првиот круг на вежбање, а вкупно треба да се направат помеѓу 3 и 5 круга во зависност од вашата форма.

Клучот за успех на оваа вежба е брзината, односно да предизвикате тензија на траката и да водите сметка секое повторување да биде поексплозивно.

Еве како треба да вежбате правилно…

The post Вежби со растегливи траки за рамења какви што отсекогаш сте посакувале (видео+фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico