Лионел Меси постави нов рекорд, овој пат во Јужна Америка.
Тој стана првиот фудбалер од овој континент кој постигнал најмалку 80 голови за националниот тим.
Аргентинецот до јубилејот стигна во „класиката“ со Уругвај, во кој го постигна водечкиот гол во победата од 3:0.
Водството го удвои Родриго де Пол, а триумфот го „завери“ Лаутаро Мартинез.
– Одигравме одличен натпревар. Се функционираше совршено. Уругвај ја чекаше нашата грешка, а потоа се многу опасни. Откако го постигнавме првиот гол, полесно го наоѓавме просторот и ги пристигнавме головите – изјави Меси.
Аргентина нема пораз 24 натпревари, а благодарение на ремито на Бразил во Колумбија, ја намали разликата зад својот најголем ривал на шест бода, во борбата за првото место во јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2022 година во Катар.
Најинтересните моменти од мечот Аргентина – Уругвај……
The post ВИДЕО: Меси собори нов рекорд – Тоа што го направи досега на никој не му успеало! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico