ВИДЕО: Роналдо во проблеми: Комшијата го пријавил за нелегална градба во Португалија!

Сподели

Можеш да бидеш најдобар фудбалер на светот, мега ѕвезда позната во целиот свет, но во Португалија законот е закон.

Тоа на своја кожа го почувствува Кристијано Роналдо, на кого му беше наредено да го урне делот од вилата кој е диво изграден.

Станува збор за вила вредна 2,7 милиони евра која Роналдо ја изгради во близина на португалскиот град Герес на северот од оваа земја. Кристијано тениското игралиште го изгради незаконски, па ќе мора да го сруши, како и проширувањето во вид на сервисен објект.

Роналдо го пријавил еден од соседите.

– Роналдо ни го достави проектот на одобрување и ја заврши изградбата на имотот, кој потоа доби дозвола. Но, градел и надвор од дозволената површина, па иако не зборуваме за ништо значајно, тоа е незаконски – изјави Мануел Тибо, шеф на градскиот совет на Герес.

На Кристијано Роналдо му е даден рок до март следната година да ги урне споменатите објекти….

The post ВИДЕО: Роналдо во проблеми: Комшијата го пријавил за нелегална градба во Португалија! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico