(ВИДЕО) Русите измислија луд баскет 1х1 во октагон?! – Ова мора да се погледне!

Сподели

Кошарката 3х3 стана светски познат спорт ширум светот, а натпреварите се под капата на ФИБА.

фото: PRINTSCREEN

Но, од Русија ни доаѓа нов атрактивен тип на кошарка – еден на еден! За работите да бидат поинтересни, натпреварите се одвиваат во октагон кој наликува на оној од ММА.

Правилата се и „луди“ – се игра двапати по три минути, а нападот трае само осум секунди…

Јован Црниќ, кошаркар од Ниш, триумфираше на исклучително силниот турнир во Москва.

Колку внимание се посветува на овој спорт говори податокот дека турнирот директно го пренесуваше Меч, главниот спортски канал во Русија.

А кои имиња играле е посебна приказна… Руската Федерација повикала 12 играчи, меѓу кои и Црниќ.

На крајот за финале се избори со славниот Антон Покрашов, кој беше олимписки победник со руската репрезентација.

фото: PRINTSCREEN

Во својата кариера го носеше дресот на ЦСКА, Уникс, Локомотив, Химки…

Но, Јован не се ни исплаши од него, туку спектакуларно ја зграпчи шампионската титула со „златен бод“ во продолжението, а во салата во Москва се вееше српското знаме.

Својот триумф го прослави така што се прекрсти и на камерата го покажа крстот што му донесе среќа.

Целиот турнир, како и финалниот натпревар можете да го погледнете на крајот од видеото, на овој ЛИНК.

The post (ВИДЕО) Русите измислија луд баскет 1х1 во октагон?! – Ова мора да се погледне! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico