Викендов почнува „Скопско лето“

Сподели

46-то издание на Скопско Лето ќе се одржи во периодот од 21 јуни до 31 јули 2025 година, информира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.

Фестивалот и оваа година ќе понуди богата програма исполнета со концерти, изложби, театарски и танцови претстави и други културни настани, на отворени и затворени сцени низ градот.
Настаните ќе опфатат уметници од земјата и странство, создавајќи незаборавна атмосфера на уметничко лето во Скопје.