Виза и Мастеркард се повлекуваат од Русија

Сподели

 

Глобалните гиганти во бизнисот со кредитни и дебитни картички Виза и Мастеркард објавија дека ги прекинуваат трансакциите во Русија како резултат на руската инвазија врз Украина.

Од руската национална банка веќе ги предупредија корисниците на картичките дека Виза и Мастеркард издадени од руски банки ќе продолжат нормално да функционираат, но единствено на територијата на Русија и за плаќања на руски онлајн сајтови.

Картичките Mastercard или Visa издадени во Русија нема да функционираат во странство, а картичките издадени во странство нема да функционираат во земјата.

Од Мастеркард соопштија дека причината за прекинот на услугите е „невидениот карактер на сегашниот конфликт и неизвесното економско опкружување“.