Владата донесе низа мерки со кои што се унапредува квалитетот на живот на сите граѓани

Сподели

За само сто дена, Владата предводена од СДСМ покажа дека зборот навистина е збор и донесе клучни одлуки со кои се унапредува квалитетот на живот, парите се враќаат кај граѓаните, институцииите работат во служба на граѓаните, а Македонија почна цврсто да чекори на евроинтеграцискиот пат.

Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ за само сто дена обезбедија повисока минимална плата во висина од 12 000 денари за околу 70 000 граѓани, ја враќаат евтината дневна тарифа на струјата, трајно го решаваат проблемот на 3000 стечајни работници, обезбедуваат поголема помош за домашните компании и започнаа процедура за укинување на радиодифузна такса.

Се остварува и едно од клучните ветувања во предизборната и во Програмата на новата Влада – институциите се ослободуваат, се отвораат и работат во служба на граѓаните. Од први септември започна двосменското работење на клучните институции како што се Управата за јавни приходи, Царинската управа, градинките, Управата за водење матични книги и службите за издавање лични карти и пасоши во МВР кои сега работат до 21.30 часот.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство ќе продолжат да работат на спроведување на мерките што се во интерес на граѓаните. По локалните избори и по победата на СДСМ, одговорното, домаќинско и транспарентно работење во интерес на граѓаните ќе продолжи и на локално ниво. Општините ќе добијат нови одговорни власти што ќе работат на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.