Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за Дејан Георгиевски за постигнатиот врвен олимписки успех. Таа сега е поголема за 800.000 денари и изнесува 2 милиони денари од страна на Владата и 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Ми беше задоволство лично да ги пренесам честитките до сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо, изјави премиерот Заев по средбата со Георгиевски.
Дејан стана пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат.
Следејќи го огромниот и историски олимписки успех, Владата на синоќешната седница ја дополни одлуката за паричната награда за Дејан за дополнителни 800.000 денари и таа сега изнесува 2,6 милиони денари.