Владата усвои предлог-ребаланс на буџетот

Сподели

IMAG2370

Владата вечерва на седница го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година, кој веднаш ќе биде доставен до Собранието.

Министерот за финансии, Кирил Миноски, вечерва на прес-конференција образложи дека ребалансот се должи на промена на проекцијата за пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 4 проценти на 2,3 проценти.

Со ребалансот, приходите се намалуваат за 2 проценти или за 3 милијарди денари, а расходите за 804 милиони денари во однос на проектираното.

Миноски истакна дека со ребаланост не се загрозува исплатата на платите, пензиите и на социјалните трансфери, а капиталните расходи се намалуваат, но сепак остануваат на високо ниво.

Со ребалансот се зголемува дефицитот и тој од првично проектираните 3,2 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), сега се проектира на 3,6 проценти.

Владата усвои предлог-ребаланс на буџетот