Владимир Ѓорчев на денешната прес-конференција во Собранието на Република Македонија, ја потврди својата претседателска кандидатура од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорчев ги повика сите граѓани да му се придружат во борбата, бидејќи оваа власт не смее да трае уште три години и дека младите и сите етнички заеднички се веќе разочарани од оние кои сега ја водат државата.
„Објавувам дека се кандидирам за претседател на Република Македонија. Поседувам искуство, лојалност, чесност, ги знам сите градови, сите села, сите патишта, улици.
Изминатите години и децении, покажав и докажав дека имам и студена глава, и разум и срце за Македонија. Дека знам огромен број на луѓе, дека тие ме познаваат мене, јас ве познавам вас. Се надевам дека следните три месеци уште повеќе да се запознаеме, уште повеќе да дебатираме за проблемите.
Борбата за Македонија никогаш не запира. Никогаш, никогаш, никогаш нема да се предадеме. Сакам да им се обратам на Албанците. Почитувани, СДСМ, Заев и нивните политичари ве излажаа. Албанците се разочарани, исто како и Македонците кои масовно се иселуваат, и тоа е најубедливиот коментар и за политиките и за неуспесите на оваа власт. Се обраќам и до сите Турци, Власи, Бошњаци, Срби… Ќе успее Македонија, жива е Македонија. Има доволно големо срце за сите.
Сакам да упатам порака до младите луѓе. Сакам повторно да се вљубите во оваа земја, а не да бидете разочарани. А, имате право да бидете разочарани. Огромен број на ветувања не се исполнети. Но заедно ќе ја направиме Македонија поубава, попросперитентна“, изјави Ѓорчев на денешната прес-конференција.