Влатко Стефановски за првпат со концерт во Тирана

Сподели

 

СВЕТСКО, а НАШЕ! 

Виртуозниот гитарист и автор, Влатко Стефановски, вчера за првпат одржа концерт во Тирана.

 

 

Овој настан е во организација на Македонскиот културен Центар во Тирана, под водство на директорот Златко Ориѓански, кој заедно со Денис Бижга, директорот на “Albania guitar festival” овозможија прекрасната и уникатна музика на Влатко Стефановски да се слушне и доживее во Тирана.

 

 

Со својот оригинален стил кој Влатко го донесе на сцената, во салата Тонин Харапи, со беспрекорни етно, рок, поп и џез звуци, во придружба на Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ басист, се понуди “кавијар” од македонскaта музичка сцена, изјави Златко Ориѓански директорот на МКЦ воТирана.