ВМРО-ДПМЕ бара предвремени избори, заедно со претседателските

Сподели

По изгласувањето на уставните измени во Собранието, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара одржување вонредни парламентарни избори, заедно со претседателските.

 -Според законските прописи и врз основа на минатото искуство на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и волјата на мнозинството граѓани ќе биде испочитувана. Потребни се избори на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи, народот ќе каже каква Македонија сака сака Северна Македонија на Заев, понижена и засрамена или Македонија на народот, горда, напредна и почитувана, рече Мицкоски.

Ова што денеска се случи е црн петок за Република Македонија, за граѓаните, за македонскиот народ, за македонската нација, додаде тој.