За денеска закажана е седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но од партијата не откриваат дали ќе се расправа околу престојниот референдум за Договорот со Грција околу името.
До сега од партијата официјално не се изјаснија каков е нивниот став за референдумот, односно Христијан Мицкоски, најави дека најдоцна до 10. септември, партијата ќе излезе со став дали ќе го бојкотираат референдумот или не.
Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ од Струга излегоа со став дека нема да го чекаат соопштението на Мицкоски по ова прашање и дека тие ќе го бојкотираат референдумот.