СДС и Филипче нижеа бројни скандали во здравството, како историскиот скандал на Онкологија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најавува инвестициски бум во државата, особено во делот на здравствената инфраструктура. Вложувањето и унапредувањето на јавното здравство се главниот фокус на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Започна значајна инвестиција на клиниката за Гинекологија и акушерство Скопје, со цел поквалитетни услуги за граѓаните.
Започна комплетното реновирање и реконструкција на амбулантите, платото, чекалните, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство во Скопје.
Со инвестиција од 29 милиони денари се создаваат современи услови за поквалитетна, побрза и поефикасна здравствена заштита за сите пациентки. Оваа инвестиција претставува и сериозна поддршка за здравствените работници, на коишто ќе им се овозможи работа во современи услови.
Целиот проект ќе биде реализиран според најсовремените здравствени стандарди, со што ќе се модернизира јавниот здравствен сектор.
соопштение, ВМРО-ДПМНЕ
