Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на денешните три собраниски седници меѓу кои е и седницата за избор на нов државен јавен обвините, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.
– Нема да учествуваме поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички неистомисленици, со апсење на пратеници, со апсење на уметници, со апсење на луѓе кои што си ја сакаат Македонија – вели Лашкоска.
Таа потенцираше дека пратеничката група редовно има активности и средби со амбасадорите на кои што ги информираат за актуелната политичка ситуација и додаде дека и понатака ќе продолжат со ваквите активности.