Внимателно, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

Сподели

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, додека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На граничните премини од  македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.