Во Бугарија уапсен Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски

Сподели

 

Бугарската полиција го уапсила во Софија Игор Спасов, осудениот за убиство на Мартин Нешкоски, објави Бугарското национално радио (БНР).

Како што јавува радиото, Спасов бил уапсен софиската населба „Младост“, а бугарската полиција го нашла по претходна дојава. Според информации од Бугарското национално радио „Хоризонт“, Спасов не се спротивставил на апсењето.
Уапсениот поранешен специјалец на МВР Игор Спасов има затвроска пресуда од 14 години за убиство за убиството на Мартин Нешкоски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на 5 јуни 2011 година.
 

Тој од октомври 2019 година не е достапен на органите на прогонот откако не се врати во затворот „Идризово“ на доиздржување на затворската казна. Спасов досега има отслужено шест години затвор.

Инаку, МВР распиша меѓународна потерница по Спасов, така што Министерството за правда е должно да ја побара неговата екстрадиција од бугарските власти.