Имиграцијата на државјаните од земјите-членки на Европска Унија во Германија достигна рекордно ниво. Лани, во Германија се доселиле 685.485 државјани на Романија, Полска и Бугарија – пишува весникот „Велт“ повикувајќи се на официјални статистички податоци.
Во Германија во најголем број се доселиле Романци (174.779), Полјаци (147.910), Бугари (71.709) и Хрвати (50.646).
Германија како најголема економска сила во Европа има многу ниска стапка на невработеност која изнесува 6,1 отсто и е пожелна дестинација за граѓаните од другите држави кои бараат подобри услови за живот.