Во Москва се одржува парада за Денот на победата (ВО ЖИВО)

Сподели

 

По повод 77-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, на Црвениот плоштад во Москва се одржува Парадата на Победата.

 

https://youtu.be/_MWCoMA-2pQ

 

На маршот се вклучени 33 парадни единици со над 10.000 лица. Механизираната колона ќе има 131 вооружен систем.

Паради ќе се одржат и во 28 руски градови, а на нив ќе учествуваат околу 65.000 луѓе, 2.400 единици вооружување и повеќе од 460 авиони.

За разлика од минатите години, на настанот нема да присуствува ниту еден странски претседател.